Според податоците на официјалниот сајт на ДИК, до 17:00 излезноста на цела територија на државате е 39,88% од запишаните избирачи. Тоа е за еден и пол процент помалку од излезноста за последните локални избори во 2021-ва, кога според соопштеното од ДИК, излезноста била 41,38%.
Најмногу излезени гласачи има во Новаци и Чашка.
Новаци 65,75%
Чашка 65,5%
Вевчани 61,84%
Лозово 61,09%
Крушево 60,94%
Дојран 60,91%
Најмала излезност е регистрирана во Центар Жупа каде не гласале ниту петина од запишаните. Во уште 3 општини има помала излезност од 30%.
Центар Жупа 19,15%
Врапчиште 20,94%
Маврово Ростуше 25,89%
Гостивар 28,02%
