Вести Локални избори 2025 Македонија Најважни

(Видео) Излезноста на локалните избори до 13 часот е 20,12 осто

Излeзноста на локалните избори до 13:00 часот е 20,12 отсто, соопштуваат од  Државната изборна комисија (ДИК). сега засега гласањето се одвива непречено и без проблеми. Од општинските изборни комисии, како и од избирачките одбори до ДИК не се пристигнати никакви дојави за можни нерегуларности или неправилности при гласањето.

Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, до 13 часот се пристигнати податоци од 3.207 избирачки места. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците е 1.666.298, а од нив гласале 335.244.

Процентот на избирачки места од кои се пристигнати овие податоци е 92,31.

„Најголема излeзност има во Богданци – 27,31 отсто, Вевчани – 33,76, Градско – 26,01, Дебарца – 28,42, Демир Капија – 29,25, Дојран – 30,74, Кратово – 30,01, Крива Паланка – 32,42, Лозово – 31,86, Новаци – 36,52, Ранковце – 32,07 и Чашка – 40,74 отсто, додека најмала излезност е регистрирана во Босилово – 12,96 отсто, Врапчиште – 7,23, Гази Баба – 18,97, Гостивар – 11,66, Дебар – 13,87, Желино – 17,19, Јегуновце – 17,50, Маврово/Ростуше – 14,45, Пласница – 18,88, Радовиш – 17.97, Струга – 16 и Шуто Оризари – 13,76 проценти“, информира Тодоровска Алексовска на прес-конференција.

Во главниот град Скопје излезеноста е 20,07 отсто или по општини: во Аеродром – 20,63, Бутел – 20,69, Гази Баба – 18,97, Ѓорче Петров – 19,67, Карпош – 21,69, Кисела Вода – 20,89, Сарај – 21,18, Центар – 22, Чаир – 19,17 и Шуто Оризари – 13,76 отсто.

Споредбено со локалните избори во 2021 година, според тогашниот пресек во 13 часот, излезеноста во Скопје била 20,76 отсто, истакна Тодоровска Алексовска.

Дигитална обрабооткa: С.Б.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе