Излeзноста на локалните избори до 13:00 часот е 20,12 отсто, соопштуваат од Државната изборна комисија (ДИК). сега засега гласањето се одвива непречено и без проблеми. Од општинските изборни комисии, како и од избирачките одбори до ДИК не се пристигнати никакви дојави за можни нерегуларности или неправилности при гласањето.
Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, до 13 часот се пристигнати податоци од 3.207 избирачки места. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците е 1.666.298, а од нив гласале 335.244.
Процентот на избирачки места од кои се пристигнати овие податоци е 92,31.
„Најголема излeзност има во Богданци – 27,31 отсто, Вевчани – 33,76, Градско – 26,01, Дебарца – 28,42, Демир Капија – 29,25, Дојран – 30,74, Кратово – 30,01, Крива Паланка – 32,42, Лозово – 31,86, Новаци – 36,52, Ранковце – 32,07 и Чашка – 40,74 отсто, додека најмала излезност е регистрирана во Босилово – 12,96 отсто, Врапчиште – 7,23, Гази Баба – 18,97, Гостивар – 11,66, Дебар – 13,87, Желино – 17,19, Јегуновце – 17,50, Маврово/Ростуше – 14,45, Пласница – 18,88, Радовиш – 17.97, Струга – 16 и Шуто Оризари – 13,76 проценти“, информира Тодоровска Алексовска на прес-конференција.
Во главниот град Скопје излезеноста е 20,07 отсто или по општини: во Аеродром – 20,63, Бутел – 20,69, Гази Баба – 18,97, Ѓорче Петров – 19,67, Карпош – 21,69, Кисела Вода – 20,89, Сарај – 21,18, Центар – 22, Чаир – 19,17 и Шуто Оризари – 13,76 отсто.
Споредбено со локалните избори во 2021 година, според тогашниот пресек во 13 часот, излезеноста во Скопје била 20,76 отсто, истакна Тодоровска Алексовска.
Дигитална обрабооткa: С.Б.
