Вести Локални избори 2025 Македонија

Значително помал број на пријавени болни и изнемоштени избирачи кои гласаат во домашни услови

Во домашни услови низ земјава денеска гласаат вкупно 8.851 болни или немоќни граѓани, како и 442 лица во  Домовите за стари лица на територија на цела држава.

Во Општина Ново Село утринава гласањето на болните и немоќни лица привремено е прикинато, поради техничка грешка на редните броеви на носители на советничките листи на гласачкото ливче.

Во оваа општина пријавени се околу 400 болни и немоќни лица, за случајот информирана е Државна изборна комисија, по што гласачкиот материјал е повлечен и се печати нов.

Телма денеска беше со членовите на Избирачкиот одбор 2260, на списокот имаа девет болни и немоќни една од нив е и 78 годишната Ленка Божанова.

Избирачките одбори кои денеска имаат теренска активности, воедно го земаат и избирачкиот материјал и ги уредуваат избирачките места, за утрешното гласање.

На Локалните избори во Штип право на глас имаат 41. 411 граѓани или на избирачкиот список има осумстони гласачи помалку во споредба со Парламентарните избори. Граѓаните утре ќе гласаат за градоначалник и советници во Советите на Општините. Гласачките места се отвараат во 7, а се затвараат во 19 часот.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Трамп гледа голема шанса нешто да се случи во разговорите со Иран, но Техеран тврди дека пораките сè уште се разменуваат преку посредници

Дејан Дејан

СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода – Во нормална држава тие би биле прашани од првиот ден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе