Почина познатиот македонски музичар Владимир Блажев – Панчо од хип-хоп дуото ДНК, кој беше тешко повреден во пожарот што се случи ноќта на 16 март 2025 година во дискотека „Пулс“ во Кочани и оттогаш се лекуваше во приватна болница во Скопје, потврдија од неговото семејство.
Панчо се лекуваше од повредите неколку месеци откако беше пренесен во приватната болница, но поради сериозноста на изгорениците и повредите на дишните патишта, на крајот не успеа да се избори — почина како последица на повредите што ги претрпе во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Владимир Блажев — Панчо беше роден 29 јули 1979 во Скопје. Тој беше сопруг и татко на две деца.
Во пожарот во „Пулс“ загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени, меѓу починатите е и Андреј Ѓорѓијески, вокалот на групата ДНК. Во катастрофалниот пожар во „Пулс“ животите ги изгубија и членови на бендот: клавијатуристот Филип Стевановски, беквокалистката Сара Пројковска, тапанарите Георги Георгиев и Александар Коларов, како и фотографот на групата Александар Ефремов.
