Вести Македонија Најважни

Почина Владимир Блажев Панчо, вокалистот на ДНК

Почина познатиот македонски музичар Владимир Блажев – Панчо од хип-хоп дуото ДНК, кој беше тешко повреден во пожарот што се случи ноќта на 16 март 2025 година во дискотека „Пулс“ во Кочани и оттогаш се лекуваше во приватна болница во Скопје, потврдија од неговото семејство.

Панчо се лекуваше од повредите неколку месеци откако беше пренесен во приватната болница, но поради сериозноста на изгорениците и повредите на дишните патишта, на крајот не успеа да се избори — почина како последица на повредите што ги претрпе во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Владимир Блажев — Панчо беше роден 29 јули 1979 во Скопје. Тој беше сопруг и татко на две  деца.

Во пожарот во „Пулс“ загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени, меѓу починатите е и Андреј Ѓорѓијески, вокалот на групата ДНК. Во катастрофалниот пожар во „Пулс“ животите ги изгубија и  членови на бендот: клавијатуристот Филип Стевановски, беквокалистката Сара Пројковска, тапанарите Георги Георгиев и Александар Коларов, како и фотографот на групата Александар Ефремов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Гужви на преминот Богородица, поради штрајкот на царинските служби

Kristina Kuzmanovski

Бензините поскапуваат за три денари, дизелот за 4,5 денари – нови, повисоки, цени на горивата од полноќ

Sasko Dimovski

Бугарија ќе ја зајакне безбедноста на воздушниот простор и околу воената база во Безмер, по ново предупредување од Иран

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе