Поради пожар, во траење од три часа беше затворен граничниот премин Меџитлија за влез и излез од Македонија кон соседна Грција. Од ТППЕ Битола информираа дека гори сува трева, како последица од запалено стрниште во непосредна близина на границата, а поради густиот чад што се шири во околината, сообраќајот бил запрен.
Огнот зафатил огромна површина, над 50 хектари сува трева. Во меѓувреме, околу стотина граѓани не можеа да ја поминат границата чекаа на најблиската бензинска пумпа во Грција. Сега преминот повторно е отворен за сообраќај, но има колони на возила.
(Видео)АМСМ: Затворен граничниот премин Меџитлија поради пожар
