Вести Македонија

(Видео)АМСМ: Затворен граничниот премин Меџитлија поради пожар

Поради пожар, времено е затворен граничниот премин Меџитлија за влез и излез од Македонија кон соседна Грција. 

Од ТППЕ Битола информираат дека гори сува трева, како последица од запалено стрниште во непосредна близина на границата. Поради густиот чад што се шири во околината, сообраќајот е запрен, а преминот е   затворен.

  • Гори огромна површина,  над 50 хектари сува трева, а пожарот е настанат од стрниште. Има чад, но нема опасност за граничниот премин. Веќе ја известив полицијата дека сообраќајот може повторно да биде пуштен. Гаснеме со пет противпожарни возила и 13 пожарникари, изјави за Телма командирот на ТППЕ Битола, Христијан Тодоровски.

Во меѓувреме, околу стотина граѓани кои сакале да влезат во Македонија преку Меџитлија биле вратени и моментално чекаат на најблиската бензинска пумпа во Грција преминот да биде повторно отворен.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе