Руски патнички авион Ан-24 на компанијата „Ангара Ерлајнс“ се урна во областа Амур на крајниот исток на земјата. РИА Новости објави дека е пронајден трупот на авионот и оти најверојатно нема преживеани.
Остатоците на патничкиот авион се пронајденина 15 километри од градот Тинде, на границата со Кина, предвидено одредиште за слетување.
„За време на спасувачката операција, хеликоптер Ми-8 на Федералната агенција за воздухопловен сообраќај го откри трупот на авионот кој е во пламен. Спасувачи се подготвуваатда стигнат до местото на несреќата“, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Гувернерот на регионот, Василиј Орлов изјави дека, според прелиминарните податоци, во авионот се наоѓале 43 патници, вклучително пет деца и шест члена на екипажот.
Руската контрола на летање објави дека изгубила контакт со патничкиот авион Ан-24 во кој се наоѓале околу 50 луѓе, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на руски извори. Авионот летал на релација Хабаровск – Благовешченск – Тинде.
