Вести Македонија Најважни Топ вести

Медиумите на врел асфалт, премиерот и министрите под тенда!?

Спротивно на препораките за време на топлотен бран кои самата Влада ги даде на предлог на Министерството за здравство денес точно на пладне се одржа настан во нивна организација и тоа токму на отворено со кој се промовираше здравствен дом Илинден.

Со ова се доведува под знак прашање дали и тие ги почитуваат препораките меѓу кои и онаа за одложување на активности на отворено во период меѓу 11 и 17 часот . Додека владини претставници  и самиот министер за здравство беа под настрешници дел од присутните беа изложени на сонце. Во обид да ги прашаме зошто во овој случај не се почитуваат мерките и препораките тие избегнаа да одговорат.

Високите температури над 40-от степен и зголемениот атмосферски притисок се најчеста причина за зголемениот број интервенции на Итната медицинска помош чии телефони не стивнуваат во ниту еден дел од денот. Хронично болните, но и младите луѓе кои не се однесуваат согласно препораките се први на удар.

„Најчесто интервенираме за колапси на јавни места: во институции, трговски центри,  автобуси и секаде каде граѓаните се директно изложени на сонце и високи температури. Екстремно е зголемен бројот на повици, најчесто се работи за хронично болни, но и помлади пациенти без коморбидитети кои не се поштедени во оваа ситуација. Зачестени се интервенции на сообраќајни незгоди“ рече д-р Драган Панов, Итна медицинска помош.

„Во моментов располагаме со 7 екипи, во исто време ја покриваме и Олимпијадата, настан што се одржува во Скопје. Во текот на вчерашниот ден имаше 2-3 колапси во самите објекти, во спортските сали“ додаде Панов.

На терен се и државните инспектори за труд со вонредни инспекциски надзори согласно мерките на Владата. Според Максути директор на Инспекторатот кој во моментов брои 123 инспектори се поголем број граѓани се одлучуваат да пријават нерегуларности кои ги загрозуваат работниците, па затоа и свеста на работодавците сега е на повисоко ниво.

„Граѓаните се кооперативни во овој дел и тоа можам да го предочам со бројки како претставки кои ни ги пуштаат преку телефонот 15 133 и тие поплаки кај нас се третираат како претставки и во рок од 5 дена нашите колеги постапуваат на терен“ изјави Гани Максути, директор на Државен инспекторат за труд.

Во меѓувреме реагира и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) со апел медиумите да ги почитуваат мерките на Владата со кои ќе ги заштитат колегите од топлотниот бран. Во исто време ССНМ ги повика и политичките и општествените чинители да избегнуваат настани и обраќања на отворено, но и случувања кои бараат подолг престој на простор на кој температурите се високи.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе