Болницата за белодробни заболувања Козле без вода или со слаб притисок. Чекаат да добијат цистерна за да можат да функционираат. Од таму за Телма соопштиија дека со недостаток на вода се веќе неколку дена.
Со ваков проблем веќе извесен период се соочуваат и жителите од високите зони од неколку населени места. Оние кои се обратија до редакцијата на Телма, револтирани велат дека во текот на целиот ден, на 40 степени во 21 век се оставени без вода. Принудени се да чекаат до 3 часот по полноќ кога ќе дојде, за да вклучат машина за перење, да измијат садови и да се искапат. Прашуваат што ќе прават од следната недела кога се најавуваат и повисоки температури. До редакцијата на Телма стигнаа и дописи од граѓани за проблеми со водата во одредени улици во Чаир. Велат дека до сега неколку пати за проблемот се обратиле и до градоначалник на Општината од каде со денови тврдат дека нема никаква реакција.
Од Водовод преку соопштение известуваат дека потрошувачката е значително зголемена и апелираат граѓаните паметно да ја користат да не се полнат базени, перат автомобили, полеваат дворови. Но, во нивните дописи нема информација ниту кога ќе се стопира водата, ниту пак кога повторно ќе биде вклучена.
Тврдат и дека во одредени периоди потрошувачката е зголемена и за 15 до 20 отсто споредени со лани.
