Вести Македонија Најважни

Болницата Козле без вода, жители од високите зони по полноќ се капат и се перат

Болницата за белодробни заболувања Козле без вода или со слаб притисок. Чекаат да добијат цистерна за да можат да функционираат. Од таму за Телма соопштиија дека со недостаток на вода се веќе неколку дена.

Со ваков проблем веќе извесен период се соочуваат и  жителите од високите зони од неколку населени места. Оние кои се обратија  до редакцијата на Телма,  револтирани велат дека во текот на целиот ден, на 40 степени во 21 век се оставени без вода. Принудени се да чекаат до 3 часот по полноќ кога ќе дојде, за да вклучат машина за перење, да измијат садови и да се  искапат. Прашуваат што ќе прават од следната недела кога се најавуваат и повисоки температури. До редакцијата на Телма стигнаа и дописи од граѓани за проблеми со водата во одредени улици во Чаир. Велат дека до сега неколку пати за проблемот се обратиле и до градоначалник  на Општината од каде со денови тврдат дека нема никаква реакција.

Од Водовод преку соопштение известуваат дека потрошувачката е значително зголемена и апелираат граѓаните паметно да ја користат да не се полнат базени, перат автомобили, полеваат дворови. Но,  во нивните дописи нема информација ниту кога ќе се стопира водата,  ниту пак кога повторно ќе биде вклучена.

Тврдат и дека во одредени периоди потрошувачката е зголемена и за 15 до 20 отсто споредени со лани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе