Вести Македонија Топ вести

Претреси во прилепската болница за злоупотреби со јавни набавки

Во Прилеп во тек се проверки и претреси во прилепската болница и на повеќе локации во рамки на истражна постапка на финансиската полиција.

Според првичните информации станува збор за проверки на јавни набавки и тендери во болницата во период од 2020-та до 2024-та. Претресите се вршат со цел да се пронајдат докази во истрагата и документи поврзани со сомнежите за злоупотреби при јавни набавки.

Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата.

-Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција. По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази, соопштија од Обвинителството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе