Балкан Вести

Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија

Случаите на семејно насилство во Албанија, според официјалната статистика, минатата година, бележат раст од околу 20 отсто споредено со претходната години,  иако повеќе од сигурно е дека бројот е многу поголем, бидејќи дел од насилствата не се пријавуваат.

Податоците од 13-те општински надлежни обвинителства, во текот на 2024 година потврдуваат дека се регистрирани над 1600 кривични постапки, со над 1200 обвинети или со пораст од околу 20 отсто во однос на 2023 година

Во извештајот на државниот обвинител Олсиан Чела евидентно е дека криминалната политика за случаите „Семејно насилство“ е остра.

Податоците во извештајот покажуваат дека барањата на обвинителите во однос на безбедносните мерки се остри, каде што над 88 отсто се барања за безбедносни мерки со апсење. За кривичното дело семејно насилство барањето за казнување на обвинетите е 64,56% за определување на затворска казна и 34,44% од барањата се за определување други казнени мерки.

Ниту состојбата со насилството врз малолетници не е ништо подобра.  Регистрирани се 722 случаи при што жртви на насилство биле над 740 малолетници, од кои 370 девојчиња а 377 момчиња.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе