Вести Македонија Топ вести

Адвокатот Марјан Витановски се откажа од одбрана на Палевски

Адвокатот Маријан Витановски го откажа полномошното за бранење на Љупчо Палевски Палчо, обвинет за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Судијата Ивица Стефановски пред почетокот на денешната расправа ја прочита одлуката на адвокатот од Куманово. Палевски продолжува да го брани адвокатот Јовица Страшевски.

Денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев.

Според најавеното, по сослушувањето на Манев, треба да сведочи Боре Видевски, Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски и на крај Палевски.

Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити, Касами и Ибрахими во Владата на средба со Мицковски

Дејан Дејан

Поради нехуман третман на животните АХВ времено го затвори стационарот Лана во Струмица

Дејан Дејан

Георгиевска: Новинарите се заложници на политичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе