Балкан Вести Најважни

(Во живо) Студентите во Белград го прекинаа протестот поради неколкуте инциденти кои се случија

Ечеше плоштадот Славија. Говорници младите студенти. Не ја штедеа власта од која бараа одговорност, а до своите сограѓани да им се придружат и да го променат општеството. Стотина илјади молчеа и слушаа. Заврши протестот во Белград.

Студентите го организираа и водеа  протестот и предмалку свирнаа крај. Тие како официјални организатори пред завршувањето на последниот дел од протестот кога требаше да се молчи 15 минути за загинатите под настрешницата јавија на социјланите мрежи дека ја повлекуваат редарската служба. Tоа први го направија студентите од Факултетот за драмски уметности во Белград, откако од правец на Пионерски парк кон нив било фрлано со шишиња и камења, а се слушнаа и видеа експлозии од пиротехнички средства.

Додека граѓаните циркулираат во центарот на градот,  полицијата излезе од малите и тесни улички, но не се знае во кој правец ќе се упати. Последен за збор денеска најави претседателот Александар Вучиќ со вондредно обраќање во 22 часот.

(Во живо од Белград): Протестите во полн ек, студентите повикуваат на мирни протести – екипата на Телма ги следи случувањата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе