Договорот за минералите со кој Трамп и Венс го „намамија“ Зеленски во Вашингтон остана непотпишан, откако и двајцата го нападнаа и навредуваа на отворената сесија во Овалната соба на Белата куќа пред целата светска јавност.
Кратко потоа Зеленски замина од Белата куќа без да одговарајќи на прашањата од новинарите кои довикуваа од страна.
CBS соопшти дека кратко по расрпавијата американскиот претседате ги испратил Државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц да им кажат на Зеленски и неговата делегација дека треба да си одат од Белата куќа.
Според американскиот медиуми, украинскиот претседател и неговата делегација по кавгата во Овалната соба биле одведени во друга просторија, каде било предвидено да ја чекаат поканата за заедничкиот ручек. Но, наместо поканата, пристигнале Рубио и Волц да им ја пренесат пораката од Трамп, дека треба да си заминат.
Украинците протестирале, објави CNN, и сакале да продолжат со разговорите, но Американците категорично одбиле.
Трамп: Зеленски не е подготвен за мир се додека Америка е вклучена