Украина ги договори условите на големиот договор за минерали со САД. Ова го изјавил висок украински функционер за Би Би Си.
Го договоривме со голем број добри амандмани и на него гледаме како на позитивен исход, се вели во неговата изјава.
Дел од светските медиуми информираат дека првично биле отфрлени барањата на Вашингтон за право на 500 милијарди долари од потенцијалниот приход од користењето на природните ресурси, но во него нема цврсти безбедносни гаранции за разурната Украина што беше клучно барање на Киев.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека очекува неговиот украински колега Володимир Зеленски во Вашингтон да го потпише договорот оваа недела, откако двајцата лидери разменија силни зборови еден за друг.
Без да потврди дека е постигнат договор, Трамп претходно рече дека во замена за договорот Украина ќе добие „можност да ја продолжи својата борба“.
Украина има огромни наоѓалишта на критични елементи и минерали, вклучително литиум и титаниум, како и големи наоѓалишта на јаглен, гас, нафта и ураниум – резерви вредни милијарди долари.