Вести Најважни Свет

Вистинска независност од САД- пред новата влада на Мерц значајни промени во надворешната политика на Германија

А појавувањето на новата влада означува и значајни промени и во контекст на надворешната политика на земјата особено во односите со САД, безбедноста и одбраната, како и геополитичкиот статус.

Лидерот на победничката партија Фридрих Мерц вели дека администрацијата на Трамп станала „во голема мера рамнодушна кон судбината на Европа“ и дека негов „апсолутен приоритет“ е брзо да ја зајакне Европа за да „постигне вистинска независност од САД“.

Со повеќе нагласен фокус на одбраната, Германија ќе треба да ја преиспита својата позиција, како и улогата во глобалните безбедносни прашања.

Одлуките за безбедност и одбрана мора да се донесат со поголема независност, што ќе вклучува и изградба на силен воена капацитет.

Меѓутоа, Германија исто така ќе треба да гради нови партнерства, како со земјите од Персискиот Залив и Јужна Америка, и да се фокусира на заштита на своите економски и национални интереси, што ќе биде предизвик за идната влада.

Во светло на воената ситуација во Украина и геополитичките промени, Германија е на пресвртна точка, која бара нова стратегија и одговорност во светот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Епидемија се шири низ Гостивар откако на диво била поставена пумпа која вбризгувала вода од Вардар во водоснабдителниот систем

Дејан Дејан

Доживотен затвор за синот од Богданци кој ја уби мајка си со нож

Kristina Kuzmanovski

Зеленски предложи нов министер за одбрана – протестите заради смената на Федоров не запираат

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе