Вести Македонија Најважни

Предложен притворот за лицето осомничено дека изврши обљуба врз 28 годишна скопјанка

Обвинителството предложи мерка притвор за 37 годишникот кој пред два дена беше приведен по пријава за извршена обљуба врз 28 годишна девојка од Скопје.

Според наводите на обвинителството постојат основани сомневања дека лицето би можело да се даде во бегство или да го повтори делото.

Истражната постапка за осомничениот отпочна откако беше пријавен дека на 21 февруари, насилно извршил обљуба врз жена во автомобилот сопственост на неговиот татко, принудувајќи ја на полов однос против нејзина волја и согласност.

Жртвата цело време се спротивставувала, но тој со употреба на сила, и нанесени поголем број телесни повреди ја принудил и ја спречил во намерата да избега, се вели во соопштението на јавното обвинителство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Епидемија се шири низ Гостивар откако на диво била поставена пумпа која вбризгувала вода од Вардар во водоснабдителниот систем

Дејан Дејан

Доживотен затвор за синот од Богданци кој ја уби мајка си со нож

Kristina Kuzmanovski

Зеленски предложи нов министер за одбрана – протестите заради смената на Федоров не запираат

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе