Вести Најважни Свет

Германските конзервативци слават, но крајната десница ужива рекорден резултат

Конзервативците на Фридрих Мерц победија на изборите во Германија, многу пред ривалските партии, но со помалку од 30% од гласовите што ги очекуваа.

Сепак паралено со нивната победа славеше и екстремно десничарската Алтернатива за Германија, која забележа рекорден резултат на второто место со освоени 20,8%.

Кандидатот за канцелар на АфД, Алиса Вајдел, направи победнички круг на своите приврзаници, но дури и нејзината партија се надеваше на поголем резултат и расположението во седиштето на АфД беше постишено.

Со пребројувањето на гласовите утрово стана јасно дека АфД е далеку пред другите партии, со проектирани 34 отсто.

По падот на трипартиската коалиција на Олаф Шолц кон крајот на минатата година, Мерц побара од електоратот силен мандат за формирање јасна коалиција со една партија.

Тоа ќе му овозможи да реши што повеќе проблеми на Германија за четири години, рече тој.

Мерц ја отфрли можноста за соработка со АфД.

Но, неговиот најверојатен партнер, социјалдемократите, го доживеаја својот најлош резултат досега со 16,4%.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Стотици илјади луѓе учествуваа во Парадата на Гордоста во Будимпешта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе