Вести Македонија Најважни

Предлог листата на комората за трговија на големо и мало со производи доставена до Министерството за економија

Предлог листата со производи кои Стопанската комора за трговија на големо и мало смета дека треба да добијат намалени маржи и да поевтинат испратен до Министерството за економија, до Владата и до Пазарниот инспекторат.

Ја скроија додека Мицкоски и Дурмиши се на патувања надвор од земјава но очекуваат истата да биде разгледана до крајот на неделава. Телма вчера ја објави предлог листата со продукти која ја составија трговците на која се најдоа 140 продукти со маржа од три до 15 проценти, но според последните информации таа претрпела мали корекции односно најверојатно е проширена, но од комората за сега не споделуваат информации.

Според листата која ја објави Телма меѓу производите со намалени маржи се најдоа лебот, млекото, овошјето, зеленчукот, зејтинот, како и средствата за хигиена. Трговците сметаат дека мерката треба да важи еден месец со што би се опфатиле и верските празници Велигден и Рамазан.

Изразија очекување дека решение ќе се најде до крајот на неделава. Информираа и дека во наредниот период нема да даваат никакви изјави поради осетливоста на темата и актуелната состојба. Меѓувреме и од Министерството за економија потврдија дека до крајот на неделава ќе има конечна одлука со која ќе се изврши притисок врз цените на основните прехрамбени продукти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе