Во Основниот суд во Штип денеска почнува судењето против Фадил Зејнелов, кој на 1 ноември го изврши убиството врз 29 годишната Емилија Пешева.
Според истрагата на Основното јавно обвинителство за убиството на штипјанката Пешева обезбедени се докази според кои обвинетиот на 1 ноември 2024 година, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.
Кога се уверил дека не дава знаци на живот, тој го напуштил местото и сам се пријавил во Полициска станица-Штип.
Невладините организации кои работат на женските права и со жртвите на семејно насилство се согласни дека ова убиство е фемицид и подолг временски период бараат законски измени, со цел кривичното гонење против насилнокот да оди по службена должност.