Вести Македонија Најважни

Премиерот гледа во притисокот на јавноста можност членовите на Судскиот совет да си поднесат оставки

Ако не успее притисокот на власта по интерпелацијата петте члена на судкси избрани во Собранието да си поднесат оставки, премиерот се надева на притисокот на јавноста.

Кога ја најавуваше интерпелацијата рече и дека имаат други алатки и механизми доколку не се повлечат. Денеска вели алактата со која ќе се борат е јавноста која е незадоволна од работата на Судксиот совет.

Повтори дека интерпелацијата не значи престанок на мандатот.

Условно кажано законот е таков непрецизен и може тоа да се случи и тоа нас нема да не изненади, ако тие одлучат со тоа да живеат. Но ние како политичари толку можеме да направиме, со сила ништо, нив до последно ги штити законот, таков е. Тие може да не поднесат оставка и да речат ќе тераме додека не ни завршат мандатите, што се надевам дека нема да се случи. Мислам дека ќе бидат доблесни и ако се изгласа интерпелацијата, ако заклучокот на пратениците е да има промени таму, тие да си заминат, изјави премиерот.

На тројца од петте членовите избрани во Собранието мандатот им истекува од јули до декември а во реформската агенда договрена со ЕУ, предвидено е нови да се бираат според новиот закон кој треба да биде донесен најдоцна до јуни. Мицкоски вели новите членови ќе се бираат согласно законот кој што важи во тој момент.

Една од забелешките во актуелниот која требаше да се надмине со новиот закон е прецизирање токму на терминот истакнат правник кој ги дефинира членовите на Судксиот совет кои ги избира Собранието.

Новиот закон кој се подготвува со експерти, според најавите, треба да содржи детални критериуми, но и процедури за избор и разрешување на членови на Судксиот совет.

Петте членови на Судски за кои минатата недела пратениците од владеачкото мнозинство поднесоа интерпелација имаат рок од 10 дена да одговорат на иницијативите поднесени против нив.

Интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, по истекот на 10 дена од денот на доставувањето на одговорот до пратениците, стои во собранискиот деловник. Интерпелацијата е потпишана од 67 пратеници.

На Милјазим Мустафа, мандатот му исткеуваа во јули, на Весна Дамева и на Селим Адеми во декември годинава. Мандатот на Павлина Црвенковска ѝ завршува во декември следната година (2026). Последна која си оди од Судкси е Тања Чачарова Илиевска, во декември 2027.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе