Во Неготино се одржа вториот пртест по смртта на 22-годишната Фросина Кулакова, која беше прегазена на пешачки премин во центарот на Скопје.
Со балони пуштени во воздух во чест на загинатите во сообраќајни несреќи за кои нема правда
Тага и повици за правда по прерано згаснатитот живот. Маршот „Стоп за сообраќајното насилство“ во родниот град на 22 годишната Фросина го предводеа нејзините другарки кои побараа безбедни улици и казни за неодговорните возачи.
Протестот започна со палење на свеќи на плоштадот во Неготино. Потоа пред насобраните граѓани од сите градови нејзината сестра посочи дека коренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем, бидејки законодавецот предвидел многу повисоки казни од оние што судот во пракса ги досудува.
Со сликата од изгубените блиски в раце, поддршка на семејството Кулакови му дадоа роднини и на други жртви во сообраќајот или пак од други кривични дела, кои се незадоовлни од бавната правда, или пак од исходот на судењата.
Побараа ревизија на сите сомнителни случаи.
Со транспаренти „Алкохолот и воланот не одат заедно“, „Човечкиот живот нема цена“, „Не умираме од несреќи умираме од корупција“ граѓаните кои дојдоа од сите градови, порачаа дека очекуваат системски промени и правда наспроти неказновост и заташкување.
Фросина Кулакова беше смртно прегазена на 29 јануари пред полноќ на пешачкиот премин на Партизанска додека Васил Јованов возел со голема брзина под дејство на алкохол и поминал на црвено.
Тој е во притвор поради особраќаката, но за издрживање го чека и затворска пресуда од 3 години и 10 месеци откако апелација ја преиначи пресудата на кривичен според која требаше да оди во Поправен дом за поседување и продавање дрога.
Елена Ивановска Мукоска