Вести Македонија Најважни

„Ми се закануваа од партијата ДЕСНА“ – сведочеше Гоце Трајковски на судењето за убиството на Вања и Панче

Со сведочење на Гоце Трајковски, во скопскиот кривичен суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Сведокот изјави дека освен таткото на Вања не ги познава останатите обвинети за двете убиства. Трајковски при сведочењето откри дека имал закани од членови на партијата Десна, да внимава штои ќе зборува за да не пропадне во бунар.

Сведокот, кој е син на Кираца Трајковска, посочи дека неговата мајка го знаела семјството на таткото на Вања и му кажала да му помогне откако девојчето исчезнало.

Тогаш Трајковски и Александар Ѓорчевски првпат се виделе по што почнале сами да бараат информации за случајот и снимки од безбедносни камери. Тој потврди дека барал од другар полицаец информации дали Вања ја имало на снимките од Сејф сити, по што му било кажано дека цела полиција ја бара и ја нема никаде на снимки.

Гоце Трајковски беше недостапен кога требаше да зведочи бидејќи беше во бегство како осомничен за подметнат пожар.

Судењето доцнеше повеќе од еден час бидејќи немало доволно возила да ги префрлат обвинетите од затвор. За двете убиства се обвинети Љупчо Палевски Палчо, Александар Ѓорчевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе