Вести Најважни Свет

ФТ: ЕУ се подготвува да ги погоди големите технолошки компании како одмазда за тарифите на Доналд Трамп

Доколку Доналд Трамп ги исполни своите закани и воведе царини за стоки од Унијата, Брисел ќе одговори со таргетирање на големите технолошки компании објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на свои извора во ЕУ.

Европската комисија се обидува да го искористи својот „Инструмент против принуда“ во потенцијалниот спор со Вашингтон.

Овој инструмент веќе се користеше за време на првиот мандат на Трамп, а подоцна и како средство против Кина.

Тоа им овозможува на извршната власт на ЕУ да воведе ограничувања на трговијата со услуги доколку утврди дека некоја земја користи царини за стоки за да принуди промени во политиката.

Трамп минатата недела се закани дека „апсолутно“ ќе воведе царини за ЕУ, наведувајќи ги мерките на Брисел против американските технолошки компании и нивниот голем трговски дефицит на стоки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе