Маркетите денеска треба да останат празни со оглед дека почнува најавениот бојкот од граѓаните револтирани од нивното профитирање во услови на економска нестабилност, удирајќи врз грбот на граѓаните.
Денешниот бојкот е само аларм, порака за трговците, кои енормно ги зголемија цените, но и за власта, која треба да делува се вели во дел од пораките.
Сепак, дали бојкотот ќе вроди со плод или нов инат од страна на маркетите да ги зголемат цените – ќе се види во наредниот период.
Економските аналитичари, сметаат дека ова може да биде начин за намалување на цените. За поголеми ефекти велат треба да трае подолго од еден ден. Мерки и инспекции најави премиерот Христијан Мицкоски, според кого, ќе се проверува дали оправдано цените достигнуваат енормен раст.
Бојкотот кој почна да се шири од Хрватска каде пред една недела граѓаните останаа дома и ги оставија празни касите во големите синџири маркети ги поттикна и земјите од екс ју да го следат примерот.
За денеска бојкот е најавен и во Србија, БиХ, Црна Гора, а Хрватска пак од денеска почнува втор ваков бојкот кој ќе трае една недела.