Вести Македонија Најважни

Починатата 22-годишна девојка била млада модна дизајнерка од Неготино

Родена во Неготино, во Скопје учела за модна дизајнерка и веќе ги направила првите креации инспирирани од ликовите во филмот “101 далматинец”. Но, кариерата и животот на 22-годишната Фросина Кулакова ги прекина брутален возач- убиец кој имал само 20 години и алкохол во крвта, но немал возачка дозвола за да биде зад воланот на автомобилот кој му го дал татко му.

На булеварот Партизански одреди во Скопје, на пешачки премин додека поминувала на зелено светло и требало да биде сигурна, Фросина стана нова жртва на сообраќајниот бес и себично невнимание.

Траорната вест уште во раните утрински часови се прошири во родниот град на девојката, во Неготино. Многумина изразија сочувство и споделија тага за прерано згаснатиот живот.

Фросина Кулакова бешс успешна девојка која пред седум месеци ја воодушеви јавноста со нејзините модели на годишната ревија на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ каде од познатиот мајстор ги учеше тајните на креациите и го развиваше својот талент.

Јавноста се сеќава на неа и кога пред 12 години, како десет-годишно девојченце се појави во видео записот за песната ,,Божиќ за секој од нас” заедно со нејзината сестра Росица и Димитар, објави Фокус.

Притвор за 20-годишниот возач кој ја усмрти младата Фросина, немал возачка и пијан поминал на црвено

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе