Вести Економија Македонија Топ вести

УПОЗ и Владата се сретнаа, се чека понуда

Синдикатото  на УПОЗ и Владата ги почнаа преговорите за додатокот на плата од 30 отсто. Според, информации на Телма, средбата била во вторниот. На состанокот присуствувале од синдикатот, премиерот Мицкоски, министерката за финансии Кочоска, минисетрот за јавна администрација Минчев и министерот за економија Дурмиши.  По, разговорите сега од УПОЗ чекаат да добијат понуда од Владата, но и од синдикатот подготвуваат предлог кој ќе го достават до нив. Па, потоа ќе се види дали ќе се продлжи со протестите и штрајковите, ќе има ли тужба или може би ќе падне договор.

Инаку, вработените во неколку министертва и инситуции меѓу кои Државен архив, Државен завод за статистика,  од Министерство за економија и труд, од  правда, животна средина,  од култура, дигитализација,  од Министерство за земјоделство и други излегоа на едночасовен протест пред своите инстиотуции  во знак на револт затоа што не им се дава согласност за да ги добијат овие 30 отсто додаток на плата кои дел од вработените во  образование,  во здравство,  од генерален секретаријат, од  Службата за општи заеднички работи на Влада ги добија.

Од друга страна  пак вработените од државното правобранителство е во штрајк.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССК: Анализа на цените пред и по кризата, за да се знае каде треба да има намалување

Sasko Dimovski

Шестмина застрелани во младински центар во Германија

Дејан Дејан

Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе