Порано кога ќе се сменеше звук при телефонските разговори со крчење мислевме дека така изгледа прислушувањето и дека сме мета, а кога Обвинителството или судот ќе нареди прислушкување кое се одвива преку Оперативно-техничката Агенција или скратено ОТА. Регулирано е со Закон, а треба да се внимава и да не се прекршат човековите права.
Најтазе се случаите од оваа и ланската година како оној кога со употреба на таканаречените ПИМ Мерки во ноември лани, поради случај на примање мито и злоупотреба на европските ИПАРД фондови, уапсени беа директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Илија Стоилев, како и неколку други лица.
Тој беше фатен со поткуп во рака со обележани банкноти . Оној кој аплицирал за да добие средства од ИПАРД Фондови бил уценет со мито, а вкупната сума која требало да се исплати била 50 000 евра. Стоилев не бил сам туку била група која требало да ја заврши работата за поткупот а меѓу нив и поранешниот Министер Џевдет Насуфи и вработени во Министерството за земјоделие. Сега се на суд. ЕУ ги прекина средствата за овие фондови па повторно ги врати.
Фото и видео материјали кои беа прибавени со примена на посебни истражни мерки, беа презентирани во судот во случајот Геријатрија и поткупот на обвинетиот Блерим Амети кој беше посредник на директорот на државната Геријатрија Мухасин Арифи . Сведокот е снимен на повеќе локации во Скопје на средби со еден од обвинетите Блерим Амети.
Според обвинението Арифи барал 20 000 евра за да прими во болницата пациентка која била во тешка здравствена состојба, а посредник бил Амети. Кривичниот суд го осуди екс-директорот на четири години затвор, а вработениот во геријатрија Амети доби казна од година и десет месеци.
Според извештајот на Јавното Обвинителство, Посебни истражни мерки се користеле и за Убиство, покажување порнографски материјали, наркотици, перење пари, примање и давање поткуп, награда за противзаконито влијание, злосторничко здружување, тероризам, трговија со луѓе, со дете, криумчарење мигранти… Така во 2025-та вкупно имало 49 случаи кога Обвинителството дало налог да се користат овие мерки, а 4 од случаите биле наследени од 2024-та.
Бројот на лицата под ПИМ е 365, а од нив само на 3 не им се знаел идентитетот. Од друга страна, ако се погледне споредбено колку овие мерки се користеле во изминатите години, според извештајот на DCAF најмногу се користени во 2023-та година. Тогаш биле опфатени 416 лица во 87 случаи, а во 2019-та пак имало најмногу случаи 103, 338 лица биле со познат идентитет, 17 со непознат. Рекордна година за следење на лица со непознат идентитет е 2015-та година (107 мерки), а спрема предмети во 2018 година (551 мерка).
Така овој графикон кој се заснова на податоците кои годишно ги дава јавното обвинителство оди цик-цак во изминативе десет години. Анализата на DCAF покажува и недостаоци од информации кога се во прашање употребата на ПИМ мерките
Наведени се кривичните дела што служеле како повод за секоја ПИМ, но без наведен конкретен број за колку кривични дела секоја мерка била наредена, не се наведени податоци дали постапката е поврзана со гонење на организиран криминал, нема податоци и за број на постапките во кои се наредени ПИМ согласно со чл. 252 од ЗКП, а нема податок и ако од следењето не произлегле релевантни резултати, кои се причините за тоа. А мерките според законот се:
- следење и снимање на телефонски и други електронски комуникации (прислушување),
- таен увид и пребарување во компјутерски систем,
- тајно следење и набљудување на лица и предмети,
- симулиран откуп или продажба,
- контролирана испорака,
- користење прикриен истражител и други слични мерки.
Најмногу е користено прислушкување, тајно следење и набљудување на лица, но и користење на прикриен истражител.. Во овие извештаи заклучокот е дека нема детални податоци кои органи иницирале употреба на ПИМ мерки туку има општа констатација дека во најголем дел од случаите, иницијативата потекнувала од МВР, а од Обвинителсвтавата ОЈО ГОКК самоиницијативн, но ги употребила и Финансиската полиција.
Јавното обвинителство почнува да ги користи мерките дури од 2020-та година (68), а потоа во 2021-ва значително паѓа (12). ОЈОГОКК почнува да се појавува како корисник дури во 2023-та (1), а во 2024-та има значаен пораст (9). ОЈО Скопје првпат се појавува во 2024-та година со минимално користење (1).
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги има користено мерките само во 2018-та (8), што е очекувано поради неговата тогашна надлежност; потоа веќе не се појавува поради неговото укинување.
Годинава од извештајот на Јавното обвинителство може да се види дека Посебни истражни мерки во 2025-та не побарало обвинителството во Гостивар. ПИМ мерки може да предложат инспектори на МВР до Обвинителот, но велат во извештајот дека се зависи и како работи обвинителот. Од друга страна, Обвинителите сметаат дека прислушкување и следење се прави доколку предлозите кои ги добиваат од инспекторите во најголем дел содржат оперативни сознанија што се сметаат за задоволителни за одобрување на предлогот од страна на јавниот обвинител.
Во ретките случаи на одбивање, главната причина е недоволната поткрепеност на предлогот со конкретни и веродостојни сознанија, особено доколку не биле обезбедени преку други претходно спроведени оперативно-тактички мерки или истражни дејствија, се вели во извештајот. Фокус групите со кои работел DCAF оцениле дека е потребна е особено добра координација помеѓу судијата на претходна постапка и јавните обвинители, а за нив проблем е доколку имаат притисок од брзината и итноста на постапувањето. Времето на одлучување на јавниот обвинител и судија на истражна постапка е 72 часа за оценка на барањето за прислушкување Тоа се однесува доколку ној врз кој треба да се примени мерката е во затвор или притвор, или ако локацијата е непозната, а особено ако не е познат идентитетот на оној кој треба да се следи.
Мерката може да трае 4 месеци, со можност за продолжување од 4 месеци или дополнително уште 6 месеци за случаи на тешки кривични дела извршени од организирани групи, банди или злосторнички здруженија. Тоа значи дека во пракса мерките може да траат максимум до 14 месеци. Продолжувањата над 4 месеци не се чести и укажуваат на селективна примена при комплексни истраги за случаи на организиран криминал- се вели во извештајот. Брзо постапување- ова е забелешката која ја даваат судиите за барањата на примена на ПИМ мерките.
-Согледувањето на судиите дека ПИМ се бараат во многу рана фаза кореспондира и со мислењето на инспекторите од МВР, кои, пак, според нивното искуство забележуваат дека на обвинителите им е полесно прво да применат некоја мерка за да дојдат до одредени информации на чија основа ќе ја насочат истрагата и ќе продолжат да ги собираат другите докази, наведено е во извештајот на DCAF.
Но, сепак забележуваат дека со оглед на тоа дека овие мерки се применуваат во истраги за кривични дела каде брзината е клучен фактор и често пресуден елемент за успешноста на истрагата, судиите на претходна постапка нагласуваат дека чувствуваат значителен притисок при одлучувањето, но истовремено се свесни дека факторот време не може да биде на сметка на човековите права.
Судиите на претходна постапка, но и судечките судии, сметаат дека во предметите за организиран криминал, барањата вообичаено се подобро поткрепени и со доволно информации и сознанија, со оглед на тоа што и самите предмети се многу обемни и сложени, додека предметите од т.н. „општ криминал“ не секогаш се доволно добро образложени, а и нe секогаш даваат резултати.
Судиите треба да се убедат добро дека ПИ мерките се издржани. Различни се мислењата на Јавните обвинители и судиите на претходна постапока за тоа дали треба или не да се навлегува во предметот- oбвинителите сметаат дека судијата на претходна постапка треба формално да постапи по предметоt и да внимава да не се нарушат човековите права, а судечкиот судија треба да навлезе во материјалното разгледување на предметот. Наспроти oбвинителите, судиите на претходна постапка се повикуваат на законска обврска која им е дадена да одлучуваат за правата и слободите на граѓаните и притоа го земаат предвид фактот дека ПИМ претставуваат инвазивно навлегување токму во некои од основните лични права и слободи.
Целиот процес има предизвици е заклучокот на испитаницвте, од технички карактер например немање возила за тајно следење, немање технички капацитети за следење во реално време, проблеми со стабилност на линијата, начинот на обработка на транскриптите кој одзема многу време, потешкотии на следење на лица кои користат софистицирани апликации, немање човечки ресурси или преоптеретеност на кадарот, нецелосни наредби во кои недостасуваат информации релевантни за спроведување на мерката, нецелосен звук или снимка заради лош квалитет, нефункционалност на CD-дисковите, неможноста да се пристапи до аудио-датотеки за постари случаи во кои постапувала поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање.
А адвокатите на обвинетите бараат да им се обезбедува навремен и целосен пристап до прибавените материјали од ПИМ. Законот налага обврска кога во текот на примената на мерките нема да се добијат очекувани резултати, мерките да бидат прекинати, што доследно се применува.
Колку чини примената на посебните истражни мерки, нема податок во извештаите на Републичкото обвинителство: наведено е дека трошоци има, но нема сума.
–Секако дека реално трошоците постојат со ангажманот на сите постоечки ресурси во рамките на јавните обвинителства, но нема параметар ниту посебни финансиски евиденции за посебна пресметка за примената на посебните истражни мерки, стои во извептајот на ЈОРСМ за примена на посебните истражни мерки.
Од примената на посебните истражни мерки за јавното обвинителство не произлегуваат посебни финансиски импликации, при ова се во предвид дека мерките ги спроведува Министерството за внатрешни работи и тоа до обвинителството не доставува извештај за трошоците произлезени од примената на овие мерки.
Така граѓаните знаат кој прислушкува, но не знаат колку државата троши за да прислушкува, следи, фотографира, снима или праќа тајни агенти за да дојде до информации.
Снежана Лупевска Созен
Прилогот беше емитуван во КОД на ТВ Телма на 07.06.2026.
