Вести Македонија Топ вести

Девет еколошки организации бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука

Девет еколошки организации од Југоисточниот регион и од други делови на државата упатија заедничко барање до Владата со кое бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука, оценувајќи дека тоа е единствено прифатливо решение. Заедничкиот став бил усвоен на состанок одржан во Струмица на 27 јуни, на кој организациите побарале Владата, на седница на која ќе се разгледува состојбата со концесиите на компанијата „Еуромакс Рисорсис“, да донесе одлука за нивно поништување, а не за враќање на предметот во повторна постапка.

Во барањето се наведува дека во изминатите десет години граѓаните во повеќе наврати јавно го изразиле своето противење на отворањето на рудникот и дека Владата располага со правни механизми и јавна поддршка за конечно затворање на ова прашање. Потписниците оценуваат дека проектот Иловица-Штука претставува закана за животната средина и здравјето на граѓаните, не само во Струмичката Котлина, туку и пошироко во државата.

  • Време е Владата да покаже дали ќе ја брани државата или криминалните концесии. Дали ќе застане зад граѓаните од кои го добива и своето право на одлучување и ЛЕГИТИМИТЕТ, или зад инвеститорите и рударското лоби. Дали ќе застане на страната на правото или на страната на моќта, корупцијата, кусогледоста и крупниот капитал. Дали ќе носи одлуки во име на иднината или во име на краткорочна добивка за малкумина. Дали ќе ја зачува земјата за идните генерации или ќе одлучи да ја жртвува за моментален профит.

Премиерот Мицкоски, за состојбата со рудникот Иловица ја обвини владата на СДСМ и ДУИ.

  • Владата ја доби пресудата од Вишиот управен суд, значи ги поништува одлуките од претходната влада. А тие одлуки се следните две:  Значи најпрво ги спојува концесиите за ова наоѓалиште за кое што вие денеска зборувате, за потоа сопствената одлука ја поништи. И што се случува? Вишиот управен суд носи одлука со којашто ја поништува одлуката на Владата, каде што Владата ја поништува својата претходна одлука да ги спои концесиите. Односно сега останува во владение одлуката со која двете концесии се споени во една. Оваа е една од илјадниците проблеми којашто претходната криминална Влада ги донесе ова е една од илјадниците манипулации коишто претходната криминална Влада на СДСМ и Диу ги направи во македонија, ги манипулираше сите, така што така што ќе ги решаваме, ако законот остава други можности ќе ги разгледуваме. Но јас нема никого да охрабрам да направи кривично дело под притисок, рече Мицкоски.

Еколошките организации нагласуваат дека нивната единствена цел е запирање на проектот Иловица-Штука и упатуваат повик до сите еколошки и граѓански организации, како и до граѓаните, без разлика на политичката определба, да го поддржат нивното барање. Од Владата очекуваат, како што наведуваат, да донесе конечна одлука во интерес на јавноста и идните генерации.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

80-тина материјални докази на обвинителството изведени на денешното рочиште за 9-мината полицајци

Дејан Дејан

Без согласност на СДСМ и Левица, власта ги поднесе измените на Изборниот законик – електронското гласање на дијаспората на гласање

Дејан Дејан

Центарци останаа без електрична енергија поради испад на трафостаница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе