Шест лица, од кои четири жени, беа застрелани денеска во младински центар во германскиот град Штад, на околу 30 километри западно од Хамбург. Полицијата соопшти дека се приведени три лица во врска со пукањето, меѓу кои и осомничениот напаѓач.
Осомничениот и другите лица беа уапсени кратко по инцидентот. Околностите на ова злосторство во моментов се истражуваат. Како што може да видите зад мене, увидот е во тек со повеќе полицајци на лице место, и широка област околу локацијата е оградена, изјави Матајас Бекерман, портпарол на полицијата во Штад.
Локалните власти потврдија дека има жртви и повредени во инцидент со пукање, но не открија никакви детали, како за мотивот за нападот, така и за бројот на повредени. Младинскиот центар служел и како прифатилиште за жени и деца.
