Синдикатото на УПОЗ и Владата ги почнаа преговорите за додатокот на плата од 30 отсто. Според, информации на Телма, средбата била во вторниот. На состанокот присуствувале од синдикатот, премиерот Мицкоски, министерката за финансии Кочоска, минисетрот за јавна администрација Минчев и министерот за економија Дурмиши. По, разговорите сега од УПОЗ чекаат да добијат понуда од Владата, но и од синдикатот подготвуваат предлог кој ќе го достават до нив. Па, потоа ќе се види дали ќе се продлжи со протестите и штрајковите, ќе има ли тужба или може би ќе падне договор.
Инаку, вработените во неколку министертва и инситуции меѓу кои Државен архив, Државен завод за статистика, од Министерство за економија и труд, од правда, животна средина, од култура, дигитализација, од Министерство за земјоделство и други излегоа на едночасовен протест пред своите инстиотуции во знак на револт затоа што не им се дава согласност за да ги добијат овие 30 отсто додаток на плата кои дел од вработените во образование, во здравство, од генерален секретаријат, од Службата за општи заеднички работи на Влада ги добија.
Од друга страна пак вработените од државното правобранителство е во штрајк.
