Вести Македонија

Владата објави кој го советува Мицкоски, има универзитетски професори, екс директори на УБК и обвинети на кои им застаре делото

Владата по критиките и укажувањата дека треба да ги објави имињата на советниците на премиерот и нивните примања од државниот буџет, денеска ги објави сите имиња. На списокот советници има само две жени, има двајца поранешни директори на тајната служба УБК, 5 универзитетски професори, еден странски експерт, еден амбасадор и еден лекар нефролог кој ќе стане амбасадор. Платите и хонорарите не се објавени.

Во продолжение списокот:

  1. М-р Амбасадор Сашо Марковски / Надворешен советник за надворешна политика и специјален претставник во процесот на преговори на претседателот на Владата со Европската комисија
  2. Јоханес Хајдекер / Надворешен советник – интегриран експерт за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во канцеларијата на претседателот на Владата за подготовка на целни документи за политики, анализи и совети до премиерот и координација со другите ресорни министерства при подготовка и имплементација на владините економски политики со јасна стратешка ориентација кон процесот на пристапување во ЕУ
  3. Цветко Мицевски, Надворешен советник за инфраструктура
  4. Проф. д-р Гоце Наумовски / Надворешен советник за прашања од областа на правото
  5. Проф. д-р Лазар Јовевски / Надворешен советник за труд и социјална политика
  6. Проф. д-р Александар Спасеновски / Надворешен советник за европски прашања
  7. Снежана Трпевска / Надворешен советник за унапредување на образование, здравство и социјална заштита и спроведување на конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост
  8. Владимир Пешевски / Надворешен советник за стратешки прашања од областа на економијата
  9. Зоран Ставревски / Надворешен советник за финансии и банкарство
  10. Горан Николовски / Надворешен советник за стратешки прашања од областа на безбедноста
  11. Шенер Биљали / Надворешен советник за односи меѓу заедниците
  12. Трајко Вељаноски / Надворешен советник за собраниски, политички и правосуден систем
  13. Мимоза Рајл / Надворешен советник за култура
  14. Љубчо Андоновски / Надворешен советник за национална безбедност

15.Проф. д-р Јован Пејковски / Надворешен советник од областа на политичките и економските науки

16.Проф. д-р Даме Димитровски / надворешен советник за животна средина и клима

  1. д-р Игор Николов / Надворешен советник за реформи во здравството / (со 31.01.2025г. спогодбен прекин на договор, поради именување за Амбасадор)
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе