Вести Најважни Свет

Српскиот премиер Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ поднесоа оставки

Протестите во Србија ја дадоа најкрупната политичка жртва. Оставка поднесе премиерот Милош Вучевиќ, одлука за која нагласи дека е неотповиклива. Синоќешниот инцидент во Нови Сад, во кој беше нападната група студенти, пришто се користеле и безбол палки, а потешко е повредена една студентка, само ја прелила чашата за него во, како што рече, и онака поделеното и поларизирано српско општество. Вучевиќ повика на смирување на страстите, пронаоѓање и процесирање на сторителите на последниот инцидент во Нови Сад, на враќање на дијалогот. Набрзо по него, оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Со неговата оставка престанува мандатот на целата влада и до изборот на нова, актуелната ќе извршува само технички должности, се вели во законот на влада на Србија. Законот за претседател, пак, предвидува нов мандатар да предлага шефот на државата, кога се бира нова влада. Оставката мора да ја потврди Собранието кое во рок од 30 дена треба да избере нова или да распише вонредни избори.

Вучевиќ верува дека со поднесената оставка е исполнето едно од барањата на демонстрантите. Инцидентите на протестите, пак, ги опиша како смислено сценарио од странство кое удира на образованието.

Оставката на Вучевиќ доаѓа по три месеци од падот на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад, негов роден град, која однесе 15 човечки животи, а две лица се тешко повредени. Трагедијата беше причина за масовни протести низ цела Србија. Повеќе од два месеца, студентите ги блокираат факултетите, барајќи одговорност за смртта на 15 луѓе и институциите да почнат да работат по закон. Претпладнево заврши и 24-часовната блокада на Автокоманда, една од клучните сообраќајници во Белград, која мина мирно.

Претседателот Александар Вучиќ синоќа нагласи потреба за итна реконструкција на владата и смена на повеќе од половина министри. Тој ги повика студентите и професорите на дијалог за надминување на кризната состојба во државата за која порача дека никому не одговара. Вечерва ќе присуствува на вонредна седница на владата што е закажана во 19 часот, а час подоцна е најавено ново обраќање до нацијата.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе