Вести Најважни Свет

Стејт департментот ја замрзна меѓународната развојна помош обезбедена од Вашингтон

Стејт депатрментот ја замрзна меѓународната развојна помош обезбедена од Вашингтон.  Суспендирана е и итната помош во храна, која ја обезбедуваат САД за време на кризи ширум светот, како во Судан и Сирија.Исклучок се само виталните програми за помош за храна и воена помош за Израел и Египет.

Сеопфатната наредба суспендираше бројни проекти кои помогнаа на глобално ниво во сегментите на здравство, образование, развој, обука за работа и во други области. Хуманитарните организации, претприемачите,владите со загриженост по оваа одлука. Многу експерти пак едногласно велат дека оваа одлука ги загрозува животите на лугето ширум светот.

Писмото за замрзнување на мегународна помош  кое ги исклучува програмите за храна е испратено како имплементација на релевантниот декрет потпишан од Трамп пред пет дена.

„Може ли да замислите , на пример, на хуманитарните програми за деминирање ширум светот одеднаш да им биде кажано да престанат со работа. Тоа е прилично голема работа“, вели Џош Пол, кој ги надгледуваше конгресните односи за трансфер на оружје во Стејт департментот до крајот на 2023 година.

Наредбата до амбасадите за оваа одлука беше испратена од државниот секретар Марко Рубио.Претходно во својата кариера тој бил голем подржувач на хуманитарната помош.

Наредбата ја исклучува и воената помош за Израел. Се очекува да се изврши и внатрешен преглед на целата мегународна помош обезбедена од САД во рок од 85 дена.

САД доби и нов министер за одбрана, Пит Хегсет. Педесет сенатори гласаа ЗА но ист број гласаа и против. Поради изедначениот резултат од гласањето, одлуката ја донесе потпретседателот ЏЕЈ ДИ ВЕНС. Хегсег ветува големи промени.

„Јас не сум совршена личност, но искупувањето е реално, а Бог ме искали и сега знам дека сум подготвен“. – вели Пит Хегсет, министер за одбрана на САД.

За време на процесот за одобрување на неговата кандидатура, се појавија низа обвинувања против него. Обвинувања за семејно насилство, прекумерно конзумирање на алкохол, и финансиско лошо управување во организациите на ветераните.

Марија Коцева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе