Вести Македонија

Наумовски: Трамп испрати свој специјател пратеник таму, којшто беше клучен во постигнување на ова примирје

Дали прекинот на огнот ќе стави крај на војната меѓу Хамас и Израел.

Која е улогата на САД во постигнување на мирот?
Дали новата администрација во Вашингтон ќе ги седне на преговарачка маса Зеленски и Путин?
Кој ќе биде курсот на надворешната политика на новиот претседател на САД Доналд Трамп и што може да очекува Македонија?

Во Топ Тема дебата со Васко Наумовски, професор и Игор Трајков, новинар.

„Ова е веројатно една од првите последици на претседателските избори во САД, односно таа форма на притисок која изминатите недели ја видовме од страна на претседателот Трамп што иако официјално треба да стапи на функцијата во понеделник ги искажа своите ставови во однос на криза. Сметам дека своевидните закани којшто тој ги упати до лидерите во Газа придонесува тие да бидат малку пофлексибилни во однос на нивните барања во разговорите со посредниците кои се водеа со Израел. И да дојдеме до едно решение за кое се уште не ја знаеме конечната форма и многу од елементите се оставени да се допреговараат додека трае таканареченото примирје односно првата фаза. Добро е што и двете страни ги доближија своите ставови, со охрабрување или притисок од САД. Трамп испрати свој специјател пратеник таму, којшто беше клучен во постигнувањето на оваа примирје. Не е тајна за ова флексибилно дека придонесоа и промените во Сирија и Либан. Доаѓаме до една ситуација кога се принудени, ова што им е понудено многу малку се разликува од она што им е понудено лани“ изјави Васко Наумовски, професор.

Имаше подиректни објави од Трамп, точно е дека се изврши одреден притисок кон Израел. Придонесува ставот на Трамп, кој се разликува од ставот на Бајден да придонесе. Ако треба да направиме поедноставна анализа, овој договор е поблиску до позициите на Израел до ставовите на Хамас.

„Договор и во голема мера беше напишан од Израел, затоа и Бајден го предложи. Не се прифати во мај лани кога беше првично предложен, бидејќи безбедноста ситуација околу Израел не беше поволна за нив, меѓувреме успеа да ги исполни 100 проценти во своите цели. Првата фаза е прекин на воените дејствија и ослободување на 33 изралески заложници и размена 1000 палестински заробеници, ослободување на два коридори и трета фаза е реконструкцијата и кој ќе управува со појасот. Ова не е гаранција дека ќе заврши војната, тоа ќе се види во првите 16 дена од почеток на примирјето“ изјави Игор Трајков, новинар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе