Најмалку 7 убиени и 4-ца ранети во пукање во Цетиње што се случи попладнево, јавуваат црногорските медиуми. Меѓу убиените се и две деца. Напаѓачот е во бегство, а полицијата апелираше до граѓаните да останат во нивните домови.
Како што јавува порталот на државната телевизија РТЦГ, во пукањето настрадале седум лица. Ранетите се превезени во Клиничкиот центар во Подгорица. На пукањето му претходела тепачка во угостителски објект во Цетиње.
Полицијата го објави идентитетот на убиецот и објави негова фотографија. Осомничениот Ацо Мартиновиќ е во бегство, а полицијата побара од жителите на Цетиње смиреност и да останат дома. Бегалецот е вооружен, а нападот не е дел од пресметките на црногорските криминални кланови.
