Вести Македонија Најважни

Артан Груби иако имал активна мерка на стоп листа „задржи и веднаш извести“ ја поминал границата

Поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е осомничен во случајот Државна лотарија на 15 декември било заведено дека границата ја поминал пешки со македонски пасош иако имал активна мерка на стоп листа „задржи и веднаш извести“ утврди внатрешната контола на МВР.  Притоа полицаецот на граничниот премин Долно Блаце кој го прекршил законот е суспендиран од работа.

 

“Одделот утврди дека полицискиот службеник Б.Ј. со своето несовесно работење не извршил адекватни проверки за патничко моторно возило „мерцедес“ при премин на државната граница на излез од РСМ, не го евидентирал за остварување на излез од РСМ и патниците од предметното возило А.П. со дипломатска патна исправа како возач и А.Г. со македонска патна исправа како совозач во возилото ги завел дека пешки ја поминале границата, односно со пропуштање на должниот надзор извршил гранична проверка во системот СКПВ за лицето А.Г. и при тоа не почекал системот да утврди дали предметното лице има активна мерка „задржи и веднаш извести“ туку веднаш на лицата им ги дал патните исправи, по што тие го напуштиле граничниот премин.” велат од МВР

 

Воедно и раководителот на смена го прекршил законот бидејќи не преземал мерки  иако било пријавено дека камерите на полицајците на граничниот премин не работат бидејќи им се испразниле батериите. 

 

МВР денеска издаде и меѓународна потерница за Груби кој е во Косово и за Перпарим Бајрами, кој како поранешен директор на лотарија исто така е осомничен во случајов и подолго време не е во државата, но не се знае каде се наоѓа. На ова претходеше притворот од 30 дена кој синоќа им го определи Кривичниот суд.

 

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе