Вести Македонија Најважни

Претседателката на Судскиот Совет Весна Дамева си даде оставка

Претседателката на Судскиот Совет Весна Дамева си даде неотповиклива оставка.

Дамева, својата оставка ја објави на прес конференција во Советот каде ќе ги образложи причините за оставката.

Дамева беше избрана за претседател на Судскиот Совет на 5-ти декември 2022-ра година. Мандатот претседателот на Советот трае две години.

Но, со мандатот на Дамева не течеше се мазно бидејќи лани во април, во незаконска постапка беше разрешена. Управниот суд утврди дека таа била разрешена незаконски и беше вратена на фунцкијата на 3-ти јануари, со што имаше деветмесечна дупка во мандатот.

Дамева рече дека поднесува оставка само од претседателската функција и останува член на Судскиот совет.

Мицкоски, Милошоски, замената во судскиот систем со „нивни“ луѓе, наместо подобрување, негативни наводи- Дамева ја образложи својата оставка во Судскиот Совет и го впери прстот во владечката гарнитура

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе