Вести Македонија Најважни

Денеска навршува една година од грабнувањето и грозоморното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска

Вања Ѓорчевска

Пред една година, 14-годишната Вања Ѓорчевска беше грабната од влезот на нејзината зграда и убиена. На кобниот ден претходеше исчезнувањето на 74-годишниот велешанец Панче Жежовски со цел да му се одземе неговиот Цитроен и да се искористи за другото злосторство. Опожареното возило ќе се најде на нива во атарот на селото Бразда истиот ден на 27 ноември, минатата година кога ќе се крене алармот дека девојчето го нема на училиште. Цитроенот ќе биде клучен во поврзувањето на двата случаја и ќе ја одведе полицијата до уште едно возило Рено кангу и првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, кој се товари дека бил организатор на грабнувањата и извршител на убиствата.

Полицијата најпрвин ќе дојде до еден од соизвршителите Влатко Кешишев, ќе го најде во седиштето на партијата „Десна“ каде живеел и бил како домаќин. Тој ќе ги однесе до другите соизвршители Велибор Манев и Боре Видевски.

Кешишев на 3 декември ќе ги однесе и до местото „Дупки”, каде било закопано телото на веќе убиената Вања. Додека, пак, Манев истиот ден ќе и открие на полицијата каде на периферијата на Велес бил убиен Жежовски. Нивниот исказ ќе биде пресуден за инволвираноста на Палевски, кој веќе нема да биде во земјата од Белград ќе заврши во Турција, каде ќе биде уапсен и потоа екстрадиран во земјава.

А она што дополнително случајот го направи трагичен е обвинението за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски дека помогнал во грабнувањето, со тоа што дал насоки кога неговата ќерка ќе излезе од дома и дека ќе биде сама.

Судењето започна во септември. Мотивот, според обвинението, е да се изнудат пари од мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска.

Обвинетите, сите до еден, кажаа дека не се чувствуваат виновни, а сведоците на обвинителството полека го склопуваат целиот мозаик што се случувало на кобните денови. 

Освен вербални, обвинителството тврди дека има и материјални докази.

Судењето продолжува во декември кога ќе се изведуваат и материјалните докази. Палевски на последното рочиште претрпе удар од Кешишев. Пред судот, Кешишев обелодени дека Палевски го натерал да даде лажна потпишана изјава дека тој на 22 и 27 ноември воопшто не бил дел од злосторствата, туку спиел во „Десна“. Од почеток, Палевски и неговата одбрана вперуваат прст кон соизвршителите и негира било каква вмешаност.

Прашањето зошто Вања е убиена без да се бара откуп, само два часа по нејзиното грабнување, може да го даде само извршителот, а дали до крајот на судењето истото ќе добие одговор е малку веројатно.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето остави големи штети зад себе

Kristina Kuzmanovski

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе