Вести Македонија Најважни

Забрзан развој или манипулации со Предлог буџетот 2025

Трет ден спротивставени мислења во Комисијата за финансирање и буџет. Власта е оптимист дека финансиската состојба в година ќе се подобри и очекува економскиот раст да биде над 4 одсто, што е повеќе од предвидените 3,7. Опозицијата се сомнева дека Буџетот е манипулативен и подготвен за предизборни цели на владеачките партии.

За власта развоен, за опозицијата недомаќински. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со спротивставени гледишта за Предлог-буџетот за наредната година. Едните се уверени дека државата ќе биде ставена на брза лента за развој, а другите гледаат нереални проекции креирани за предизборни цели. Расправата стигна до меѓусебно обвинување за манипулации, конкретно околу ЕСМ.

СДСМ потсетува дека голем број од проектите се веќе почнати од претходната Влада. Се работи за зафати кои не се реализираат во еден мандат и го поздравуваат продолжувањето на реализацијата.

Пратениците од мнозинството се оптимисти дека се што е предвидено за 2025-та, ќе се реализира. Очекуваат дека економскиот раст може да биде и поголем од предвидените 3,7 одсто.

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет, расправата за буџетот трае веќе три дена. Се проектираат приходи од 5,8 милијарди евра и расходи од 6,5 милијарди. Владата најавува консолидација и економски раст, а опозицијата  поднесе над 250 амандмани.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВЛЕН: Дали случајот со водата во Гостивар излегува како случајот со канализацијата во Зајас?!

Дејан Дејан

СДСМ: Организираната криминална група ВМРО ќе ја отруе цела Македонија

Дејан Дејан

Водата во Крушево не е бактериолошка исправна – Центарот за јавно здравје Прилеп препорачува да не се користи за пиење

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе