Вести Македонија Најважни

Со или без општествена одговорност, договор меѓу Владата и банкарите утре ќе има

Во пресрет на утрешната средба меѓу Владата и банкарите околу парите, 250 милиони евра од унгарскиот кредит, кои треба да се доделат на бизнис секторот во државата премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека банкарите треба да помогнат односно да се откажат од банкарските трошоци. Тој очекува на средбата да има некаков договор за да може да почне
реализацијата на заемот односно парите кон бизнисот и додаде дека во минатото државата секогаш субвенционирала вакви заеми и парите завршувале кај банките.

  • „Дали ќе успеам и кои се условите кои на крај од утре ќе ги договориме не зависи само од мене. Ние како Влада ќе дадеме се што можеме да разговараме отворено и цениме дека во овој момент во услови на предизвици со кои се соочуваат насекаде низ светот тоа е најмалку нешто што може заедно со банките да го направиме“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот повторно нагласи дека очекува од банкарите општествена одговорност.

  • „Ние како Влада со сите оние компании со кои соработуваме сакаме да видиме општествена одговорност затоа што е нормално кога користите средства од граѓаните да вратите нешто и кај граѓаните“, рече Мицкоски.

Засега нема прецизна пресметка, доколку не се постигне договор со банкарите, колку пари ќе треба да се покријат од Буџетот односно од граѓаните за банкарските камати од кредитот кон бизнисот.

  • „Ќе се направат пресметките во зависност од договорот, утре ќе се направат пресметките но секако ќе биде најмалку два пати помалку отколку да излеземе на отворен пазар преку еврообврзница да бараме пари“, кажа Мицкоски.

Од опозициската СДСМ изразија сомневање дека Владата има концепт како да ги пласира парите до стопанството, нагласија дека нема критериуми и оценија дека станува збор за фијаско.

  • „Сега го очекуваме епилогот од утрешниот фамозен состанок меѓу банките и Владата на кој банките треба да се убедат да ги преземат сите административни обврски и ризици за да може да се задржи каматната стапка од 3,.,25 проценти која и не е толку конкурентна на пазарот. А доколку каматата се качи над овие 3,25 проценти граѓаните ќе треба да ја плаќаат оваа камата. Граѓаните ќе треба да ги плаќаат каматите на избраните компании“, изјави пратеникот Трајчулески.

Покрај каматата за банкарските трошоци на утрешната средба, која ќе се одржи во министерството за финансии, ќе треба да се договори и рокот за враќање на парите од кредитот бидејќи и з ова прашање банките и Владата имаат различен став, односно во банкарскиот сектор тој рок е од 7 до 10 години додека Владата бара да биде три години грејс период и дванаесет години за отплата.

Уште еден проблем за кој се преговара е рокот на враќање на кредитот. Во банкарскиот сектор тој е од 7 до 10 години, а од Владата бараат да биде 15 со три години грејс период.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето ја оштети дистрибутивната мрежа, во дефект остануваат 300 трафостаници

Дејан Дејан

Уапсен е 62 годишник од струмичко – силувал малолетничка

Kristina Kuzmanovski

Клиничка болница-Штип со апел: Пациентите со скршеници да се транспортираат во другите болници

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе