Вести Македонија Топ вести

Ги обвинуваат за местени, па им даваат милионски тендери

Речиси истовремено со промотивното видео кое го објави владејачката ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи за нелегални тендери во времето на СДСМ, новото раководство на ЕСМ, поставено од владата на ВМРО-ДПМНЕ, ѝ даде тендер од над еден милион евра токму на фирмата која ја обвинуваат – Марковски компани од Битола.

Владејачката партија го објавува видеото на „Јутуб“ на 13 октомври, а три дена подоцна, на Електронскиот систем за јавни набавки е објавен милионскиот договор. Сепак, договорот бил склучен уште пред објавувањето на видеото.

Раководството на РЕК Битола на 10 октомври склучило рамковен договор за работна рака за тековни машински интервенции со кој Марковски компани во наредните 12 месеци може да искешира до 64 милиони и 900 илјади денари, односно над 1 милион евра. Според договорот, РЕК Битола ќе ѝ плаќа на фирмата по 582 денари од работен час за браварите што ќе ги ангажира, и по 614 денари од час за заварувачите.

Битолската компанија во изминатите години има добиено стотици милиони евра за тендери од РЕК Битола.

КОД веќе истражуваше за милионските тендери за ископ на јаглен и јаловина и за ангажирање на луѓе и помошна механизација во РЕК Битола. Во февруари годинава, Марковски компани доби тендер од 46 милиони евра за ископ на јаглен, а во октомври минатата година 25 милиони евра за ископ на јаловина. Во тендерите има редовни подизведувачи – струмички фирми кои се поврзуваат со името на поранешниот премиер Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ постојано обвинуваше за местени тендери за Марковски компани во корист на тогаш владејачката СДСМ, а раководството на ЕСМ се бранеше дека со оваа фирма се склучувале договори и во минатото без разлика кој бил на власт.

Новиот тендер го склучува раководство поставено од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: Извештајот на ЕП не го загрозува идентитетот

Дејан Дејан

Остатоци од запалена гума кај пожарот до Смилковци-  истрагата утврдува дали пожарот е подметнат, казните за намерно предизвикување шумски пожар се најмалку 8 години затвор

Дејан Дејан

Пожарите на дивите депонии најголеми загадувачи на воздухот, велат експертите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе