Вести Македонија Најважни

Ивановска: Измените на Законот за јавни набавки се брза реформа беа анализа на корупциски ризици

Брза реформа беа анализа на корупциски ризици во јавните набавки, со само еден резултат- измена на сегашните членови на комисијата за жалби по јавни набавки иако имаат легален мандат, вели за Телма поранешената претседателка на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска откако 9 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во скратена постапка бараат измени на Законот за јавни набавки преку кои ќе се сменат само членовите на комисијата.

Во образложението за измените на законот со кој дефакто само ќе се смени раководството на комисијата за жалби по јавни набавки, а не суштината во борбата против корупцијата во јавните набавки, пратениците цитирале дека според европскиот извештај за мапирање на ризиците од корупција во овој сектор „Државната комисија за жалби по јавните набавки е неконзистентна во постапувањето и има различни стојалишта во однос на одредени прашања.

Извештајот кој е дел од програмата за владеење на правото, поддржана од ЕУ, констатира голем број на недостатоци во областа со јавните набавки кои годишно се движат до 1.1 милијарда евра. Сепак со законот кој го предлагаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту збор за тие огромни дупки кои овозможуваат корупција во јавните набавки.

Претседателот на владата Мицкоски вчера го бранеше предлогот на пратениците и тврдеше дека нема да се случи партизација. Но и мрежата на невладини организаци во борба против корупција и Ивановска сметаат дека скратената постапка за носење на законот-упатува токму на тоа.

Со измените, доколку се усвојат, во иднина претседател и членови на комисијата за жалби по јавни набавки ќе бидат само адвокати или правници од државен и приватен сектор со правосуден испит и без работно искуство во јавни набавки туку само посебни познавања на областа.

Во предлог законот е наведено и дека член на Комисијата за жалби не може да биде лице кое било член на орган на политичка партија во последните 5 години, одредба која е адут на власта дека ќе нема партизација. Изминатиот период на овој начин со менување на закон со што автоматски престанува мандат на избрани лица- почнаа постапки за менување на антимонополската, комисијата за заштита на конкуренција и на второстепената државна комисија за жалби во управни постапки.

Со ваквите измени, вели Ивановска треба да се занимава и комисијата за заштита и спречување на дискриминација, но и Уставниот суд бидејќи ретроактивно се прекинува мандат на избрани лица без никакво образложение.

Сите комисии кои сега со менување на закон ќе добијат нов состав, ќе бидат важна алка при одлучувањето за постапките со унгарските инвестиции како што е најавата за нов мобилен оператор или унгарски влез во енергетскиот и банкарскиот сектор, но и ќе ги разгледуваат јавните набавки со парите од унгарскиот кредит.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Наместо одговорност за труењето на граѓаните, Клековски и ВМРО-ОКГ со напад на лекарите

Sasko Dimovski

Запленет накит на ГП „Табановце“, кривична против едно лице – македонски брачен пар од Белгија фатен во обид за шверц на злато

Sasko Dimovski

Шеесет и петгодишен работник од Куманово се здобил со тешки повреди по пад од зграда

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе