Вести Македонија Топ вести

ДЗР утврди низа неправилности во финансиското работење на Универзитетската клиника за неврологија

Државниот завод за ревизија во својот конечен извештај финансиското работење во 2023 година на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за неврологија изрази неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и резервирано мислење за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи на Клиниката утврдено е дека примените и потрошени лекови за ретки болести од донација не се евидентирани во материјалната и сметководствена евиденција.

Утврдени се слабости во планирањето и реализацијата на средствата од условен надоместок за набавка на имуномодуларна терапија.

Во текот на 2023 година биле креирани помалку од законски утврдените термини за вршење здравствени услуги со користење на медицинска опрема преку апликацијата „Мој термин“.

Во дел од спроведените постапки за јавни набавки била констатирана несоодветна примена на Законот за јавни набавки.

Биле ангажирани медицински сестри, болничари и шалтерски работници со договор на дело, без согласност на Министерството за финансии, а била утврдена и несоодветна контрола на користење на услугите од ЈУ за заеднички работи.

За надминување на утврдените состојби издадени се препораки со цел преземање мерки и активности од одговорните лица во функција на подобрување на состојбите.

Во продолжение ви го пренесуваме целиот извештај на ДЗР.

https://dzr.mk/mk/240924-revizija-na-usoglasenost-2024-jzu-univerzitetska-klinika-za-nevrologija

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе