Вести Македонија Најважни

МВР проверува дали имало злоупотреба на службените возила – возилото на спикерот Гаши „уловено“ во свадбена поворка во Косово

Камери од мобилен телефон го „уловија“ службеното возило на собранискиот спикер во редица на свадбена поворка во Косово.

Ова го објави веб-медиумот Индекс, а во описот на видеото пишува „Африм Гаши со службен автомобил оди да ја земе невестата“.

Телма се обиде да добие одговори лично од претседателот на Собранието – се обративме за реакција по овие наводи, но и за потврда на автентичноста на видеото. Одговор, не добивме.

Полицијата веќе го проверува овој случај за разрешница на дилемата – дали има злоупотреба на државните возила.

„Ве известуваме дека од страна на надлежните служби во МВР се вршат соодветни проверки со цел утврдување на фактичката состојба, по што соодветно ќе ја известиме јавноста“, информираат од МВР.

Службените возила се употребуваат со соодветен патен налог, со образложение за намената за која се користат возилата, времетраењето, но и трошоците за патувањето.

Додека јавноста очекува одговори за конкретниот случај, коалициските партнери од Владата сѐ уште молчат, а со реакција засега се јавија само од опозициската Либерално демократска партија.

Прашуваат, дали Гаши носеше со себе патен налог и како може да го оправда патувањето и употребата на службеното возило.

„Ако имал, бараме образложение по кој основ е издаден тој налог, за која намена, во кое времетраење и нормално, колку сето тоа нѐ чини нас, од чии даноци и се одржуваат возилата и државниот возен парк. Откако неговото обезбедување неодамна успеа да предизвика меѓународен инцидент на Скопскиот аеродром при посетата на косовската претседателка, Вјоса Османи, денеска Гаши повторно е во главна улога, овој пат како сват по невеста, со службено возило во свадбарска колона во соседно Косово“, се вели во дел од соопштението на Либерално демократската партија.

За случајот на Скопскиот аеродром, МВР на почетокот на месецов поднесе кривична пријава против шефот на обезбедувањето на Африм Гаши, за кривичните дела „Загрозување на сигурноста“ и „Спречување службено лице во вршење слкужбено дејствие“.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа на Римокатоличката црква

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе