Вести Македонија Топ вести

Не е фер нотарските трошоци да бидат 8000 денари и за кредит од 500 евра и од 50 илјади евра

Notar, Нотар

Не е фер да се плаќа 8000 денари нотарски трошоци и за кредит од 500 евра и за кредит од 50 илјади евра. Микрофинансиските организации, кои нудат мали кредити за граѓаните и за малите фирми, поднесоа иницијатива за укинување на поскапувањето на нотарските тарифи. Во Министерството за правда велат дека иницијативата до овој момент не е стигната до нив, но и без тоа работат на проблемот.

Десетина дена пред да ја напушти фотелјата, на 12 јуни годинава, поранешниот министер за правда Кренар Лога ги покачи нотарските тарифи за два до 10 пати.

Лога ја потпишал новата тарифа уште во февруари, но Владата дала согласност дури по завршувањето на изборите, иако во соопштенијата по владините седници немаше ваква информација.

На пример, според досегашната тарифа, за нотарски акти до 100 илјади денари, се плаќаше 800 денари, за акти до 100 до 200 илјади денари нотарската тарифа беше 1200 денари, за акти од 200 до 300 илјади денари се наплаќаше 2000 денари, а ако вредноста беше меѓу 300 илјади и 3 милиони денари, нотарот можеше да добие максимум 8000 денари. Сега, за сите акти до 3 милиони денари, односно до 50 илјади евра, граѓаните ќе треба да платат 8000 денари. Независно дали се работи за кредит од 500 евра или од 50 илјади евра, граѓаните ќе треба да му искешираат на нотарот 8000, наместо досегашните 800 денари.

Во Сојузот на микрофинансиски организации велат дека со поскапувањето, нотарската награда би била 25 пати повисока од кумулативната инфлација во периодот од 2016 до 2023 година.

„Сметаме дека со поставувањето на првиот праг за состав на нотарски акти од 0 до 3 милиони денари всушност се напушта елементарниот принцип на категоризација според вредноста на предметот на службено дејствие, од причина што скоро сите од засегнатите лица се во тој опсег“, се наведува во барањето од Сојуз на микрофинансиски организации.

Во Министерството за правда најавуваат скоро решение на проблемот.

„Министерството за правда го разгледува ова прашање и наскоро ќе има соодветно решение“, велат во Министерството.

Новите цени, според поскапувањето, треба да важат од 1 септември годинава, освен ако новиот министер Игор Филков не го поништи.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Организацијата Трамп ќе произведува златни телефони – експертите скептични

Дејан Дејан

Израел ликвидирал уште еден висок ирански воен офицер

Дејан Дејан

Мицкоски со порака до Радев – докажете дека немате нови услови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе