Вести Македонија Најважни

„Вреди“ тврдат дека ДУИ повикува на тивок бојкот за претседателските избори

Јавно сите повикуваат на излезност на претседателските избори, но дали во тајност се подготвува тивок бојкот од страна на ДУИ? Од албанската опозиција обвинуваат дека, интегративците имаат стратегија, техничкиот премиер од нивната партија да го задржат на функцијата уште еден мандат.

Од „Вреди“ повикуваат на масовна излезност на изборите, но јавна поддршка нема да дадат за ниту еден од кандидатите за претседател. Велат дека, гласачите не ги носат в џеб, и слободно ќе се определат за кого ќе го дадат својот глас.

И од „Европскиот“ фронт тврдат дека ќе го сторат истото и немаат намера да повикуваат на бојкот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, не ни очекува дека ДУИ јавно ќе повикаат на бојкот.

Мицкоски предупреди на будност од можно полнење на кутии, притисок и потплатување, затоа што тврди дека, освен во Липково, кутии се полнеле уште на 50-на места, а  владини функционери, во придружба на полицајци, поткупувале лица во Виница и Берово.

Негираше дека ги почнале разговорите со „Вреди“ за состав на влада, велејќи дека, не му паѓа на памет нешто такво додека не се види резултатот од изборите.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малиот Амр меѓу животот и смртта– симбол на страдањето на децата во Газа

Дејан Дејан

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Дејан Дејан

Десетици илјади шиитски муслимани маршираат кон Карбала за Ашура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе